ТАЈНИОТ ДНЕВНИК НА ПОЛСКАТА АНА ФРАНК ЌЕ СЕ ОБЈАВИ ОТКАКО 70 ГОДИНИ БИЛ СКРИЕН ВО ТРЕЗОР

    ТАЈНИОТ ДНЕВНИК НА ПОЛСКАТА АНА ФРАНК ЌЕ СЕ ОБЈАВИ ОТКАКО 70 ГОДИНИ БИЛ СКРИЕН ВО ТРЕЗОРРениа Шпигел била убиена во јули 1942 на 18-годишна возраст, од германски војници кои ја нашле како се крие на покрив на куќа (Фото: Од архивата на семејството Билкок )

    Тајниот дневник на полска еврејска тинејџерка која била убиена од нацистите во 1942, ќе биде објавен откако 70 години бил скриен во трезор во банка. „Дневникот на Рениа: Животот на младата девојка во сенката на Холокаустот“ ќе го објави семејството на Рениа Шпигел, а ќе излезе на 19 септември во Велика Британија. Книгата се споредува со Дневникот на Ана Франк.

    „Прочитав само неколку страници од книгата бидејќи плачев цело време“, вели нејзината сестра Елизабета.

    Таа го променила нејзиното име од Аријана и се сеќава дека нејзината сестра била многу тивка девојка.

    „Таа беше многу интелигентна и љубезна. Рениа беше одговорна за литературната секција во нејзиното училиште“, рече Елизабета.

    „Дневникот на Рениа: Животот на младата девојка во сенката на Холокаустот“ ќе излезе на 19 септември во Велика Британија (Фото: Од архивата на семејството Билкок )

    Рениа Шпигел, од Пшемишл, југоисточна Полска, почнала да ја пишува книгата на 15 години. На страниците има сведоштва од бомбардирањата, за тоа како Евреите биле принудени да се кријат и за изчезнувањата на други еврејски фамилии во 1942. Покрај ужасните приказни, Рениа опишува и како се вљубила за првпат во момчето Зигмунт Шварцер. Тие дури и се бакнале неколку часови пред да стигнат нацистите во нивниот град.

    Рениа била убиена во јули 1942 на 18-годишна возраст, од германски војници кои ја нашле како се крие на покрив на куќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира