ТРАМП ЌЕ ЈА ИГНОРИРА ЦЕНЗУРАТА И ЌЕ ТВИТА ОД КИНА

    ТРАМП ЌЕ ЈА ИГНОРИРА ЦЕНЗУРАТА И ЌЕ ТВИТА ОД КИНАИ од Пекинг сака да остане во контакт со своите следбеници. - Доналд и Меланија Трамп со претседателот на Кин, Ши Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп нема намера да го запостави своето омилено средство за комуникација и ќе биде активен на социјалните мрежи и за време на престојот во Кина, објави висок претставник на Белата куќа.

    Американскиот претседател пристигна во Пекинг во рамките на својата двонеделна турнеја по Азија, во земјата која се смета за најголем цензор на интернет слободите на светот, блокирајќи ја употребата на Твитер, исто како и на Фејсбук, Јутјуб и на Инстаграм.

    Запрашани од новинарите дали тоа значи дека Трамп нема да твита на своите 42 милиони следбеници за време на дводневниот престој во Кина, неговите претставници беа децидни:

    „Не! Претседателот ќе твита што и кога сака. Тоа е начинот на којшто тој директно комуницира со американскиот народ. Зошто не? Сигурен сум дека во авионот имаме опрема која ќе го овозможи тоа, зашто е познато дека платформите на сите западни социјални мрежи се забранети во Кина“.

    Твитер е блокиран во Кина од 2009 година, со цел домашните интернет компании да немаат конкуренција во странските ривали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира