ТРАМП ЌЕ ЗАШТЕДИ 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО СО СВОЈАТА ДАНОЧНА РЕФОРМА

    ТРАМП ЌЕ ЗАШТЕДИ 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО СО СВОЈАТА ДАНОЧНА РЕФОРМАОбезбеди поволности и за себеси и за зет му. - Доналд Трамп со ќерката Иванка (Фото: АП)

    Доналд Трамп и дел од неговите најблиски соработници ќе имаат голема лична полза од усвоената даночна реформа, при што самиот американски претседател ќе заштеди околу 15 милиони долари годишно, покажа едно истражување.

    Трамп беше презадоволен од изгласувањето на најголемата даночна реформа во САД во последните 30 години, со која значително ќе се намали даночната стапка за корпорациите и за побогатите граѓани, а беше укинат и дел од здравствениот систем Обамакер.

    Според анализата на Центарот за американски напредок, со оваа промена во бизнис правилата Трамп годишно ќе заштеди меѓу 11 и 15 милиони долари, а благодарение на еден амандман на данокот за имот, неговите наследници би можеле да заштедат 4,5 милиони долари.

    Освен Трамп, големи олеснувања ќе имаат и неговиот зет Џеред Кашнер (5-12 милиони долари) и државниот секретар за образование Бетси Девос (2,7 милиони).

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари