ТРАМП МЕ ПРАША ШТО Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ХИВ И ХПВ, САКАШЕ ДА ГИ ИСПИТУВА ВАКЦИНИТЕ, ВЕЛИ БИЛ ГЕЈТС

    ТРАМП МЕ ПРАША ШТО Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ХИВ И ХПВ, САКАШЕ ДА ГИ ИСПИТУВА ВАКЦИНИТЕ, ВЕЛИ БИЛ ГЕЈТС„На двете средби тој сакаше да знае дали има разлика меѓу ХИВ и ХПВ и јас имав можност да му објаснам дека овие две инфекции ретко ги мешаат“, вели Бил Гејтс (Фото: АП)

    Милијардерот Бил Гејтс тврди дека апериканскиот претседател Доналд Трамп два пати го прашал која е разликата меѓу ХИВ и ХПВ и дал застрашувачки коментар за изгледот на ќерката на Гејтс.

    Забелешките беа кажани на неодамнешниот состанок на Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, каде Гејтс одговараше на прашања во шоуто на Крис Хејс „Сите во“ што оди на мрежата „Ем-Ес-Ен-Би-Си“.

    Гејтс ѝ кажа на публиката дека Трамп се сретнал со неговата ќерка Џенифер, која сега има 22 години, на коњички натпревар во Флорида.
    Гејтс го запознл Трамп за прв пат во Њујорк во декември 2016 година и вели: „Кога прв пат зборев со него беше навистина застрашувачки колку многу тој знае за изгледот на мојата ќерка. На Мелинда тоа воопшто не ѝ се допадна“, кажа Гејтс.

    Повторно се сретнале лани во март во Белата куќа.

    „И на двете средби тој ме праша ако вакцините не се лоша работа, бидејќи тој размислува комисија да ги испита лошите ефекти од вакцините и дека некој го советувал дека вакцините предизвикуваат лоши работи. Јас реков не, тоа ќе биде лоша работа, не го прави тоа. На двете средби тој сакаше да знае дали има разлика меѓу ХИВ и ХПВ и јас имав можност да му објаснам дека овие две инфекции ретко ги мешаат“, кажа Гејтс.

    Откако Трамп се откажа од плановите да ги испита теориите кои го поврзуваат аутизмот со вакцинацијата, Роберт Ф. Кенеди Џуниор изјави дека родителите и здравствените застапници на децата се чувствуваат предадено и разочарано од оваа одлука.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира