Трите жени кои го обвинија Доналд Трамп за сексуално вознемирување ги споделија своите приказни во шоуто на Мегин Кели на телевизијата Ен-Би-Си и Белата куќа ги отфрли нивните изјави како целосно лажни.
Сепак, Џесика Лидс, Саманта Холви и Рејчел Крукс тврдат дека недоличното однесување на сегашниот претседател на САД се повторува со децении.
„Ваквите тврдења се лажни и веќе оспорени во неколку наврати. Нивните тајминг и апсурдност зборуваат сами за себе“, соопшти Белата куќа.
Крукс го опиша демантот како смешен.
„Политичарите мислат дека се имуни на сексуалното вознемирување. Сакаме сите да знаат каков човек е Трамп и колку е перверзен“, вели таа.
Холви вели дека била многу разочарана кога Трамп победи на изборите.
„Ние сакаме да ѝ покажеме на Америка каков човек е Трамп и како ги третира жените, а луѓето се однесуваат како да не ги интересира. Тоа боли“, вели Холви.
Трите жени првпат ги открија своите искуства пред изборите во ноември минатата година и во понеделникот одржаа прес-конференција, на која што го повика Конгресот да спроведе истрага за однесувањето на Трамп.
„Во последно време се смени односот на Америка кон ова прашање. Ајде да се обидеме повторно“, додаде Холви.