ТРИУМФОТ НА КЛОЕ ЖАО НА ОСКАРИТЕ ПРЕМОЛЧЕН И ЦЕНЗУРИРАН ВО КИНА

    ТРИУМФОТ НА КЛОЕ ЖАО НА ОСКАРИТЕ ПРЕМОЛЧЕН И ЦЕНЗУРИРАН ВО КИНАЖао веќе некое време има нарушени односи со својата родна земја (Фото: АП)

    Големиот триумф на Клое Жао на Оскарите наиде на молк во нејзината родна земја Кина, дури и цензура.

    „Земја на номади“ ноќеска беше прогласен за најдобар филм, а Жао стана само втора жена која добила оскар за најдобра режија, но нејзиниот успех не се слави во Кина. Државните медиуми денеска ништо не објавија за Жао, а хаштагот со нејзиното име беше цензуриран на социјалната мрежа Веибо, со појаснување дека ги прекршува правилата и политиката на платформата.

    Жао е родена во Кина во 1982, а на 14 години дошла во Велика Британија за да се школува, иако малку знаела англиски. Нејзиниот однос со Кина се нарушил откако се појави едно интервју од 2013 година во кое таа рекла дека растела со лаги.

    „Многу информации што ги добив како мала излегоа неточни и станав многу бунтовна кон моите семејство и опкружување“, призна Жао.

    Кинеските власти реагираа со забрани за рекламирање и спомнување на „Земја на номади“ на социјалните мрежи. Филмот требаше да почне да се прикажува во кината на 23 април, но тоа не се сличи. Исто така, во земјата немаше пренос од денешното доделување на Оскари.

    „Земја на номади“ е трето режисерско дело на Жао, чиј следен проект ќе биде сосема поинаков, блокбастерот „Eternals“ на „Марвел“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира