ТУРЦИЈА ЗАПАЛИ НАД 300.000 КНИГИ ШТО БИЛЕ ПОВРЗАНИ СО ФЕТУЛА ЃУЛЕН

    ТУРЦИЈА ЗАПАЛИ НАД 300.000 КНИГИ ШТО БИЛЕ ПОВРЗАНИ СО ФЕТУЛА ЃУЛЕНВладата на турскиот претседател Ердоган објави дека е уништено се што е поврзано со Фетула Ѓулен, религиозниот лидер кој живее во САД и кој е обвинет од Турција за поттикнување на неуспешниот пуч во 2016 (Фото: АП)

    По обидот за пуч во Турција во 2016, повеќе од 300.000 книги се отстранети од турските училишта и библиотеки и уништени, соопшти Министерството за образование на Турција.

    Министерот за образование Зија Селчук изјави дека 301.878 книги се уништени, како обид на Владата да се справи со сѐ што е поврзано со Фетула Ѓулен, религиозниот лидер кој живее во САД и кој е обвинет од Турција за поттикнување на неуспешниот пуч. Ѓулен негираше дека бил инволвиран.

    Податоците ги објави тиражниот дневен весник „Хуриет“, откако фотографиите од одземените книги и нивното палење ги објави  интернет-страницата „Кронос27“. Според сајтот „Турки пург“ , кој се опишува како „мала група на млади новинари кои се обидуваат да бидат гласот на турскиот народ кој е под угнетувачки режим“, во 2016, учебник по математика беше забранет затоа што иницијалите на Ѓулен биле наведени како точки во задача, т. е. од точка Ф до точка Ѓ.

    Во декември 2016, турскиот весник „БирЃун“ објави дека 1.8 работни тетратки се уништени па реиздадени затоа што го содржеле зборот „Пенсилванија“, каде живее Ѓулен. Исто така, и улиците со името Ѓулен во Анкара биле преименувани.

    Организациите за слобода на говор рекоа дека се вознемирени од изјавите на министерот за образование. „За само три години, 29 издавачки куќи се затворени со итна наредба поради ‘ширење на терористичка пропаганда’“, стои во заендичкото соопштение на меѓународниот ПЕН и на ПЕН од Англија.

    Во извештајот на англискиот ПЕН од 2018 стои дека дека 200 медиуми и издавачки куќи се затворени, 80 писaтели се под истраги и имаат обвиненија против нив, а 5.822 професори се избркани од 118 државни универзитети.

    „Владата драматично го зголеми своето влијание врз медиумите и издаваштвото, и ги замоли критичките гласови. Ги повикуваме туркските власти да дозволат повтроно отворање и незавинсо работење на издавачките куќи“, вели ПЕН.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира