УМРЕ ГРАМПИ КЕТ, НАЈПОПУЛАРНАТА МАЧКА НА ИНТЕРНЕТ

    УМРЕ ГРАМПИ КЕТ, НАЈПОПУЛАРНАТА МАЧКА НА ИНТЕРНЕТГрампи Кет заработи милион долари благодарение на својата популарност на социјалните мрежи

    Грампи Кет, мачката која заработи милион долари откако стана интернет сензација благодарение на својот постојано намуртен израз на лицето, умре на седумгодишна возраст. Со вистинско име Тардар Сос, оваа мачка од Мористаун, Аризона имаше милиони фанови на социјалните мрежи, а нејзиниот необичен изглед се должеше на џуџестиот раст.

    Некои денови се понамуртени од другите. Нашиот омилен домашен миленик умре во моите раце од компликации од инфекцијата на мочниот канал“, напиша нејзината сопственичка Табата Бандсен на Твитер.

    Откако една фотографија од Тардар Сос се прошири на социјалните мрежи, животот на дотогашната келнерка Бандсен целосно се промени, станувајќи нејзин менаџер. Грампи Кет имаше 2,4 милиони следбеници на Инстаграм и 1,5 милиони на Твитер. Мачката беше заштитно лице на брендот на ледено кафе „Грампучино“ и на популарната храна за мачки „Фрискис“, се појави на Бродвеј и во филм и „напиша“ четири бестселери.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира