ХАРВИ ВАЈНСТИН ЌЕ ИМ ПЛАТИ 44 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЖЕНИТЕ КОИ ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

    ХАРВИ ВАЈНСТИН ЌЕ ИМ ПЛАТИ 44 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЖЕНИТЕ КОИ ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕВо јуни го чека судење за силување. - Харви Вајнстин (Фото: Гети)

    Осрамотениот филмски продуцент Харви Вајнстин се согласил да им плати 44 милиони долари на жените кои го обвинија за недолично сексуално однесување, објавија американските медиуми.

    Повеќе од 75 жени го имаат обвинето Вајнстин за сексуално вознемирување или злоупотреба, што тој го демантираше. Тој сепак ќе се појави пред суд во Њујорк во јуни, откако две жени го обвинија за силување.

    „Постигнавме економски договор. Лично, голем оптимист сум“, изјави Адам Харис, адвокат на филмското студио на Вајнстин.

    Правниот тим на Вајнстин подоцна за „Вол стрит џурнал“ откри дека станува збор за сума од околу 44 милиони долари.

    Шеесет и седумгодишниот Вајнстин важеше за еден од најславните и најуспешни продуценти во Холивуд пред да се појават првите обвинувања против него во 2017 година, што го покрена движењето #MeToo.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари