ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ СЕ ГРАДЕНИ КАКО СОНЧОГЛЕДИ, СВРТЕНИ КОН СОНЦЕТО И ВАРДАР

    ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ СЕ ГРАДЕНИ КАКО СОНЧОГЛЕДИ, СВРТЕНИ КОН СОНЦЕТО И ВАРДАРВелешките куќи се како сончогледи, гледаат кон сонцето. Нивните тераси, прозорци биле поставени така да имаат поглед кон светлината и кон реката Вардар. (Фото: СДК.МК )

    Распослан лево и десно по течението на реката Вардар, Велес има амфитеатрална поставеност. По ова градот има единствена убавина, бидејќи сите куќи од стариот дел на градот имаат поглед и гледаат кон реката, која патува кон југ. Така било со векови, а жуборот на водата во ноќите, стигнува и до високите делови на градот, до Мегдан до Рамина. Велес отсекогаш го красела архитектурата, која поради местоположбата ја нема во друг град.

    „Старите ги граделе своите куќи и домови поставени со лице кон реката Вардар, кон сонцето. Затоа често велам дека велешките куќи се како сончогледи, гледаат кон сонцето. Нивните тераси, прозори биле поставени така да имаат поглед кон светлината и кон реката“, вели архитектката Станка Амбаркова.

    Велес отсекогаш го красела архитектурата, која поради местоположбата ја нема во друг град (Фото: СДК.МК )

    Старите куќи во Велес биле покриени со камени плочи, што е природна климатизација, лете е ладно, зиме топло. Куќите имале големи чардаци кои биле поставени со поглед кон реката и со тоа имале и природно ладење од ветерот Повардарец.

    Куќите во Велес некогаш се граделе со џентлменски договор. Бидејќи градот е на ритчиња, секој својата ја градел во висина на терасата од соседот. Така сите имале поглед кон реката. Денес, новите градби не ги примија овие карактеристики, се напушти и често се случува доградбите да го покриваат погледот на соседот.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира