Од први следниот месец на функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе биде Владимир Косијер, соопшти компанијата. Тој доаѓа на местото на Јован Радосављевиќ, кој со организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Кока Кола во Романија.
Косијер на функцијата директор на Пивара Скопје доаѓа од Украина, каде во изминати пет години ја извршуваше функцијата менаџер за продажба на Кока Кола за пазарите на Украина и Молдавија.
„Со големо нетпрение очекувам и се радувам што ја преземам функцијата генерален директор на Пивара Скопје. Компанијата има одлична репутација во групацијата како резултат на нејзините успеси и значење за зедницата и секако, нејзините луѓе. Верувам дека со моето искуство ќе придонесам кон натамошниот одржлив развој на компанијата и на натмошните вложувања во сите сегменти што го поттикнуваат тој развој, почнувајќи од нашиот тим, довербата на купувачите и потрошувачите во нашите брендови и секако во заедницата“, вели Косијер.
Тој кариерата во системот на Кока Кола ја почнал во Србија пред 16 години.