ВО ОГРАДА НА ИТАЛИЈАНСКИ МУЗЕЈ НАЈДЕНА УКРАДЕНА СЛИКА НА КЛИМТ ОД ПРЕД 23 ГОДИНИ

    ВО ОГРАДА НА ИТАЛИЈАНСКИ МУЗЕЈ НАЈДЕНА УКРАДЕНА СЛИКА НА КЛИМТ ОД ПРЕД 23 ГОДИНИЛокацијата на „Портрет на дама“, едно од најбараните уметнички дела, беше мистерија откако беше украдена во 1997. (Фото: Ројтерс)

    Италијанската полиција почна истрага за уметничка слика за која се верува дека е од Густав Климт, украдена пред 23 години. Сликата била скриена во ограда во галерија, каде претходно била изложена. Локацијата на „Портрет на дама“, едно од најбараните уметнички дела, беше мистерија откако беше украдена во 1997.

    Во вторникот, градинар расчистувајќи бршлен на надворешната ограда на Галеријата за модерна уметност „Ричи Оди“ во Пјаченца, нашол метална кутија. Ја отворил и во неа била торба со сликата.

    Галеријата сѐ уште не објавува официјално соопштение, сѐ додека не се потврди автентичноста на сликата, но според извори на локалните медиуми, експертите претпоставуаваат дека се работи за слика на австриикиот уметник Климт од 1917.

    Директорот на Галеријата, Масимо Ферари за италијанскиот весник „Либерта“ изјави дека „печатот и восокот на позадината од сликата се оригинални“.

    „Не ја исклучуваме можноста сликата да била тука скриена од крадците кои сакале да ја вратат. Тоа е многу чудно, затоа што набрзо по кражбата, секој агол од галеријата и градината беше темелно прегледан. Најчудното нешто е пак, што делото е во одлична состојба“, изјави Џонатан Папамеренги од Градскиот совет.

    Кражбата на сликата „Портрет на дама“ беше откриена на 22 февруари 1997, но полицијата тврди дека била украдена три дена претходно. Инспекторите во тој период се сомневаа дека е вмешан некој од галеријата. Истрагата повторно беше отворена во 2016, откако беа надјени ДНК траги од крадец од фрлената рамка на сликата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира