ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА „САДИМЕ ЉУБОВ“ НА ЖЕНИТЕ ВО ПИВАРА СКОПЈЕ ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО ВО ПРЕСРЕТ НА 8 МАРТ

    ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА „САДИМЕ ЉУБОВ“ НА ЖЕНИТЕ ВО ПИВАРА СКОПЈЕ ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО ВО ПРЕСРЕТ НА 8 МАРТВо рамки на акцијата, жени од сите работни позиции во Пивара Скопје, се дружеа со децата од СОС Детско Село и заедно засадија цвеќе и други декоративни растенија.

    Жените вработени во Пивара Скопје го одбележаа 8 Март – Меѓународниот ден на жената со волонтерска акција во СОС Детско Село, под мотото „Садиме љубов“. Во рамки на акцијата, жени од сите работни позиции во Пивара Скопје, се дружеа со децата од СОС Детско Село и заедно засадија цвеќе и други декоративни растенија со што придонесоа за разубавување на амбиентот и околината на комплексот. Целокупниот материјал за акцијата: расад, саксии, земја и декоративни растенија ги обезбеди Пивара Скопје.

    „Горди сме на вредностите кои Пивара Скопје ги негува како компанија, а особено на нашите колешки кои преку оваа акција уште еднаш дадоа пример за улогата на жената во современото општество. Јакнењето на позицијата на жената во целото општество претставува една од стратешките определби на Пивара Скопје, која ние постојано ја негуваме, охрабрувајќи ги и поддржувајќи ги сите жени вработени во нашата компанија да ги остварат сите свои професионални амбиции. Среќата која ја предизвикавме кај децата од СОС Детско Село со оваа волонтерска акција, дополнително нè мотивира како компанија, но и како поединци, да продолжиме да одвојуваме средства, труд и време во реализација на уште поголем број вакви акции и општествено одговорни проекти кои се значајни за заедницата на која припаѓаме“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

    На сличен начин, жените вработени во Пивара Скопје го одбележаа меѓународниот ден на жената и минатата година, кога преку дружење со децата во креативниот центар на СОС Детското Село, им помогнаа да ги изработат осмомартовските честитки за сите СОС мајки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира