ВОЗЕЊЕ ПОДВОДЕН СКУТЕР Е НОВА АТРАКЦИЈА ВО ОХРИД

    ВОЗЕЊЕ ПОДВОДЕН СКУТЕР Е НОВА АТРАКЦИЈА ВО ОХРИДОние кои немаат искуство со нуркање ќе треба да поминат дводневна обука за скутерот (Фото: Акватек)

    Гостите кои летово планираат да дојдат во Охрид ќе имаат можност да возат подводни скутери на електричен погон по дното на Охридското Езеро. Вакви пловила има Центарот за подводни активности „Акватек“.

    „Искусните нуркачи можат кај нас да земат подвоен скутер и веднаш да се нурнат во езерото. Оние кои немаат искуство ќе треба да поминат дводневна обука, која се состои од теоретски и практичен дел. Батериите на скутерите издржуваат два часа, а едно нуркање чини 25 евра“, вели Никола Паскали, нуркач чија специјалност е подводна археологија.

    Во Охрид првите подводни скутери се појавија пред неколку години и некои чинат и над 9.000 евра.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира