ВОЗРАСНА ДВОЈКА СЕКОЈ ДЕН СЕ СРЕЌАВА НА ГЕРМАНСКО-ДАНСКАТА ГРАНИЦА

    ВОЗРАСНА ДВОЈКА СЕКОЈ ДЕН СЕ СРЕЌАВА НА ГЕРМАНСКО-ДАНСКАТА ГРАНИЦАИнга Расмусен и Карстен Тихсен-Хансен се запознале пред две години (Фото: Фејсбук)

    Возрасна двојка се здоби со популарност среде пандемијата на коронавирусот благодарение на своите секојдневни средби на еден граничен премин.

    Инга Расмусен (85) од Данска и Германецот Карстен Тихсен-Хансен (89) секој ден се наоѓаат на муабет и пијачка во близина на германскиот град Афентофт и тоа го прават на пропишано растојание.

    Германско-данската граница беше затворена пред две недели, но Инга и Карстен не дозволуваат глобалната пандемија да ги спречи да се гледаат.

    „Тажно е, но ние не можеме ништо тука“, вели Расмусен.

    Тие се прославиле откако градоначалникот на пограничниот град Тондер првпат ги сретнал додека возел велосипед.

    Инга и Карстен се запознале пред две години и повеќе од една година речиси секој ден поминувале заедно. Таа доаѓа до границата со автомобил, а тој со велосипед и планираат заедно да патуваат кога ќе заврши кризата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира