ВУЧИЌ И ПЕНДАРОВСКИ ИМААТ НАЈНИСКИ ПЛАТИ МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ВО РЕГИОНОТ

    ВУЧИЌ И ПЕНДАРОВСКИ ИМААТ НАЈНИСКИ ПЛАТИ МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ВО РЕГИОНОТВучиќ и Пендаровски работат за 1.500 евра месечно (Фото: СДК.МК)

    Иако вчера доби покачување на платата од 12,5%, српскиот претседател Александар Вучиќ останува еден од регионалните лидери со најниски месечни примања.

    Од овој месец, Вучиќ ќе работи за 170.000 динари месечно, односно 1.500 евра, колку што прима и македонскиот претседател Стево Пендаровски, објави српскиот весник „Данас“.

    Најголема плата во овој дел од Европа има претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар – 3.222 евра, па следува нејзиниот хрватски колега Зоран Милановиќ со 3.000 евра месечно.

    Актуелните членови на претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ, заработуваат по 2.922 евра месечно, додека црногорскиот лидер Мило Ѓукановиќ е зад нив со 2.420 евра.

    Поплатен од Вучиќ и Пендаровски е и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој има личен доход од 2.208 евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира