ЗАМРЗНАТА ВОДА ОТКРИЕНА НА ПОВРШИНАТА НА МЕСЕЧИНАТА

    ЗАМРЗНАТА ВОДА ОТКРИЕНА НА ПОВРШИНАТА НА МЕСЕЧИНАТАБлокови мраз се пронајдени и на јужниот и на северниот пол, но не се рамномерно распределени (Фото: НАСА)

    Научниците објавија дека имаат сигурен доказ за постоење на замрзната вода на површината на Месечината.

    Блокови мраз се пронајдени и на јужниот и на северниот пол и, најверојатно, имаат древно потекло.

    Резултатите доаѓаат од инструментите на индиската вселенска мисија „Чандрајан 1“, која ја истражуваше Месечината во 2008 и 2009 година и деталите сега се објавени во журналот на Националната академија на науки.

    Распределбата на мразот е нерамномерна и на јужниот пол, тој главно е сконцентриран во кратери. На северниот пол е поредок и распределен на поголема површина.

    Температурите на Месечината преку ден достигнуваат и до 100 Целзиусови степени, што не се добри услови за одржување на површинскиот мраз. Сепак, дневната светлина никогаш не доаѓа до некои точки на половите. Научниците проценуваат дека температурите во постојано засенетите кратери на половите никогаш не се искачуваат над -157 степени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира