ЗЕБРИТЕ ЈАНОШ И ЈАШАРИ СТИГНАА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

    ЗЕБРИТЕ ЈАНОШ И ЈАШАРИ СТИГНАА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКАДвете зебри, мажјаци се стари една година. Јанош е донација од зоолошка во Словенија, а Јашари од Чешка.(Фото: Зоолошка градина)

    Две зебри денеска стигнаа во скопската Зоолошка градина. Двете зебри, мажјаци се стари една година. Јанош е донација од зоолошката во Словенија, а Јашари од Чешка.

    „Зебрите веднаш се прилагодија на условите и скопските температури и се зближија со Зоо негувателите кои ќе се грижат за нив. Првите 20 дена ќе бидат во карантин, а потоа ќе може да ги видат посетителите на Зоолошката“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

    За зебрите кои за прв пат ги има во Зоолошката градина изградено е ново живеалиште. Годинава во градината треба да стигнат и фламинга, морски лав, а после 7 години лекување во Холандија од депресија ќе се врати шимпанзото Коко.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари