ЖАН-МИШЕЛ ЖАР ВОДИ ПРАВНА БИТКА ОТКАКО ТАТКО МУ, ОСКАРОВЕЦОТ МОРИС, ГО ИСФРЛИ ОД ТЕСТАМЕНТОТ

    ЖАН-МИШЕЛ ЖАР ВОДИ ПРАВНА БИТКА ОТКАКО ТАТКО МУ, ОСКАРОВЕЦОТ МОРИС, ГО ИСФРЛИ ОД ТЕСТАМЕНТОТФранцускиот музичар, пионер и визионер на електронската музика Жан-Мишел Жар води правна битка за наследството од неговиот татко, оскаровецот Морис Жар, композитор на „Лоренс од Арабија“ и „Доктор Живаго“

    Пионерот на електронската музика Жан-Мишел Жар води правна битка откако неговиот татко, оскаровецот Морис Жар, го исфрли од тестаментот. Жан-Мишел бјави дека случајот ќе го поднесе пред Европскиот суд за човекови права.

    Одлуката да оди во Стразбур доаѓа откако Жан-Мишел го изгуби случајот во францускиот Врховен суд, од каде побара да ја поништи одлуката на Морис, кој почина во 2009 година во Лос Анџелес . Тој го освои својот прв Оскар во 1963 година за музиката во „Лоренс од Арабија“, а три години подоцна го доби и вториот Оскар за „Доктор Живаго“.

    „Со мојата сестра Стефани ќе го поднесеме нашиот случај пред Европскиот суд за човекови права, поради непочитувањето на нашите семејни права и прекумерното кршење на нашата правна сигурност”, изјави тој за француските медиуми.

    И друга ѕвезда на француската музика, Џони Халидеј, исто така ги остави без наследство своите деца, кои почнаа јавна битка со неговата вдовица Летиција.

    Во Франција, правото на децата на имот на нивните родители е заштитено. Но, Халидеј и неговата сопруга живееја во САД неколку години пред неговата смрт и тој повторно го напишал неговиот тестамент според законот во Калифорнија. Случајот со Жар е сличен.

    Во септември 2017 година, францускиот Врховен суд пресуди во согласност со желбите на Морис, кој целиот свој имот ѝ го остави на својата последна сопруга, преку „семејна доверба“, валидна правна структура според калифорнискиот закон.

    Жан-Мишел (69) вели дека „правото на наследство не е само за пари, туку има и последици во поважните области, како што се заштитата на семејните врски и духовните права на уметниците“.

    „Забрана за пристап до фотографија или лично поседување фотографија од татко или мајка. Тоа е она што е шокантно“, рече Жан-Мишел. Тој, исто така, додаде дека добива барања за користење на делата на неговиот татко, на што не можел да одговори.

    Во текот на неговата четиридецениска кариера, Жан-Мишел ги одржа некои од најголемите концерти во историјата. Тој настапи пред 2,5 милиони луѓе во Париз во 1990, а во Москва во 1997 привлече 3,5 милиони.

    Во Скопје имаше спектакуларен концерт во 2016 на фестивалот „Таксират“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира