ЖЕНА ОД УГАНДА САМА СЕ ГРИЖИ ЗА 38 ДЕЦА, ЗА 27 ГОДИНИ РОДИЛА НЕКОЛКУ БЛИЗНАЦИ, ТРОЈКИ И ЧЕТВОРКИ

    ЖЕНА ОД УГАНДА САМА СЕ ГРИЖИ ЗА 38 ДЕЦА, ЗА 27 ГОДИНИ РОДИЛА НЕКОЛКУ БЛИЗНАЦИ, ТРОЈКИ И ЧЕТВОРКИДа се обезбеди дом за толку деца е огромен постојан предизвик. - Маријам Набатанзи со дел од нејзините 38 деца (Фото: Ројтерс)

    Маријам Набатанзи од Уганда родила близнаци една година откако се омажила на 12-годишна возраст. Таа денес има вкупно 38 деца, откако во меѓувреме уште пет пати добила близнаци, како и тројка четири пати и четворка во пет случаи.

    Пред три години, сопругот ја напуштил 39-годишната Набатанзи, оставајќи ја сама да се грижи за оваа голема група деца. Тие живеат во четири тесни куќи во село окружено со полиња на кафе, 50 километри северно од главниот град Кампала.

    Откако ги родила првите близнаци, Набатанзи на лекар дознала дека има невообичаено големи јајници и дека апчиња против бременост би можеле да ѝ предизвикаат здравствени проблеми. И така продолжила да раѓа.

    За Африка не е чудно семејствата да се големи и просекот во Уганда изнесува 5,6 деца по жена, но случајот на Маријам, која за последен пат забременила пред две и пол години, екстремно ги надминува тамошните стандарди. Таа, исто така, изгубила шест деца на многубројните сложени породувања.

    „Пораснав во созли, мојот човек ми предизвика многу страдања. Цел живот ми помина во одгледување деца и во заработување пари за нив“, вели Маријам.

    Таа работела сè и сешто, но да се обезбеди дом за толку деца е огромен постојан предизвик.

    „Работата ја убива. Ние помагаме каде што можеме, како готвење и перење, но главниот товар на семејството е на нејзини плеќи. Во саботите сите заедно работиме“, вели највозрасниот син, 23-годишниот Иван.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари