ЖЕНИТЕ ВО АВГАНИСТАН СО ПСИХИЈАТРИ И ТЕРАПИЈА СО ЦРТАЊЕ СЕ ЛЕЧАТ ОД ДЕПРЕСИЈА ОТКАКО ТАЛИБАНЦИТЕ ИМ ЗАБРАНИЈА ОБРАЗОВАНИЕ И РАБОТА

    ЖЕНИТЕ ВО АВГАНИСТАН СО ПСИХИЈАТРИ И ТЕРАПИЈА СО ЦРТАЊЕ СЕ ЛЕЧАТ ОД ДЕПРЕСИЈА ОТКАКО ТАЛИБАНЦИТЕ ИМ ЗАБРАНИЈА ОБРАЗОВАНИЕ И РАБОТАЗдравствените организации проценуваат дека половина од 40-те милиони луѓе во Авганистан страдаат од психолошки проблеми. (Фото: Вашингтон пост)

    Психијатри и терапија со цртање им се од помош на жените во Авганистан, откако талибанците им забранија на девојчињата и девојките да одат на училиште и на факултет. Деветнаесетгодишната Куши, која студирала право и политички науки на главниот универзитет во северната провинција Балх, паднала во депресија откако талибанците лани во декември ги затворија универзитетите за жените. Таа побарала психијатриски третман каде ѝ биле препорачани часови за уметничка терапија.

    „Кога сфатив дека не сум психички добро, се растажив. Воопшто не бев среќна, секогаш бев депресивна, се чувствував како птица заглавена во кафез, како птица која ја изгубила сета своја среќа. Се чувствував толку вознемирено, моето ментално здравје од ден на ден се влошуваше, конечно решив да одам на психијатар за да се подобрам“, рече Куши, кој е идентификувана за Ројтерс, само со едно име од безбедносни причини.

    Талибанците претходно ги затворија повеќето средни училишта за девојки, а талибанските власти им наредија на повеќето авганистански хуманитарни работнички да не работат. Наредбите за ограничување на жените од јавниот живот предизвикаа остри меѓународни критики и западните влади рекоа дека тоа е клучна пречка за движење кон какво било формално признавање на владата на Талибанците, која ја презеде власта откако странските сили заминаа пред две години.

    Талибанците велат дека ги почитуваат правата на жените во согласност со нивното толкување на исламскиот закон и авганистанската култура.

    Наставнички стојат пред училиште, во март 2022. Талибанците лани ги затворија повеќето средни училишта за девојки, а талибанските власти им наредија на повеќето авганистански хуманитарни работнички да не работат. (Фото: Гардијан)

    Но, многу жени, особено во урбаните области, кои добија можности за образование и работа за време на 20-годишното присуство на странски трупи и владата поддржана од Западот, сега се борат со длабокото чувство на очај и предизвиците за менталното здравје, велат експертите.

    „Уметничките студија се единственото нешто што ни остана да им помогнеме на нашите пациенти,  тие станаа единственото место каде што девојките можат да ги расчистат мислите, да се спојат со старите пријатели, да стекнат нови пријатели, а освен тоа, тие можат да научат и уметност“, вели психијатарот на Куши, кој исто така не е именуван од безбедносни причини.

    Куши го посетува својот психијатар двапати месечно. Порано го посетувале четири до пет пациенти дневно, но вели дека сега бројот на неговите пациенти е зголемен на 10 до 15 дневно, повеќето од нив жени.

    „Бројката се зголеми откако талибанците им забранија на студентките да посетуваат универзитет“ вели тој.

    Здравствените организации проценуваат дека половина од 40-те милиони луѓе во Авганистан страдаат од психолошки проблеми по децении војна и нестабилност.

    Куши вели дека уметничката терапија ѝ дава оддишка од домот и малку надеж за иднината.

    „Ми дава чувство дека сум постигнала нешто, цртањето, пред сè, ме зајакнува со самодоверба“, рече таа. „Разочарана сум од мојот живот, но не се откажувам, ќе се борам. Се надевам дека работите ќе се подобрат во иднина“, додава таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира