ЅВЕЗДИТЕ НА „РОМЕО И ЈУЛИЈА“ ОД 1968 ГО ТУЖАТ „ПАРАМАУНТ“ ЗА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗАШТО СНИМАЛЕ ГОЛИ КОГА БИЛЕ МАЛОЛЕТНИ

    ЅВЕЗДИТЕ НА „РОМЕО И ЈУЛИЈА“ ОД 1968 ГО ТУЖАТ „ПАРАМАУНТ“ ЗА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗАШТО СНИМАЛЕ ГОЛИ КОГА БИЛЕ МАЛОЛЕТНИАктерите Оливија Хаси и Леонард Вајтинг со режисерот Франко Зафирели (лево) на париската премиера на филмот во 1968 (Фото: АП)

    Главните актери од „Ромео и Јулија“ од 1968 година го тужат студиото „Парамаунт“ за повеќе од 500 милиони долари поради разголена сцена од филмот што ја снимиле кога биле малолетни. Оливија Хаси и Леонард Вајтинг, кои имале 15, односно 17 години на снимањето, поднесоа тужба за сексуално злоставување, сексуално вознемирување и измама.

    Во тужбата стои дека режисерот Франко Зафирели првично им рекол на Хаси и Вајтинг дека ќе носат долна облека со месо боја во контроверзната сцена во спална соба. Но, на денот на снимањето, Зафирели им кажал дека ќе имаат само шминка, убедувајќи ги дека камерата ќе биде поставена така што нема да се гледа никаква голотија.

    Сепак, како што е наведено во тужбата, Хаси и Вајтинг биле снимани голи без нивно знаење, со што биле прекршени федералните и калифорниските закони против непристојност и експлоатација на деца.

    „Зафирели им кажал дека ќе мора да глумат голи или филмот ќе пропадне, поради што ќе страдаат и нивните кариери. Актерите верувале дека немаат избор освен да глумат голи, со шминка на себе“, стои во тужбата.

    Во таа сцена, на кратко се гледаат задникот на Вајтинг и градите на Хаси. Филмот беше голем хит во кината и доби четири номинации за Оскар, но двајцата актери тврдат дека со децении страдале од душевна болка и емоционален стрес и потоа имале кариери несоодветни на успехот на филмот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира