102 ПРИВЕДЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА НАЈДОЛГИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    102 ПРИВЕДЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА НАЈДОЛГИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТПолицијата опоменала 46 лица за непочитување на мерката за ограничување на движењето - почеток на полицискиот час на плоштадот Македонија во Скопје - (Фото: К. Попов)

    Вкупно 263 лица на територијата на целата држава не го почитувале полицискиот час кој почна порано, од 16 часот вчера (сабота), па до 5 часот утринава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Полицијата привела 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и се доставени до надлежните обвинителства.

    Во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација.  Тоа се главно граѓаните кои етапно доаѓаат со хуманитарни летови што ги организираат Владата и МНР.

    Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом. Завчера, како што кажа министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, имаше ден кога ниту едно лице не излезе од самоизолација.

    По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките, соопшти МВР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира