104 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА ЗА ОСУДА НА РУСКАТА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА, ПРОТИВ БЕА ЛЕВИЦА И СТОИЛКОВИЌ

    104 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА ЗА ОСУДА НА РУСКАТА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА, ПРОТИВ БЕА ЛЕВИЦА И СТОИЛКОВИЌВо Декларацијата се вели дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи. (Фото: Твитер)

    Собранието синоќа ја усвои Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. „За“ гласаа 104 пратеници, еден беше „воздржан“ и „против“ гласаа двајцата пратеници на Левица и Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите.

    Декларацијата беше поднесена од пратеничките Моника Зајкова од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ и во неа се вели дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи.

    „Сметаме дека со ништо неиспровоцираната руска агресија врз Украина претставува еклатантно кршење на меѓународното право, која што ја загрозува европската безбедносна архитектура и го доведува во ризик мирот на континентот; Го почитуваме правото на Украина, како и секоја суверена држава самостојно да одлучува за своето внатрешно уредување и за своите меѓународни приоритети; Бараме од надлежните институции да бидат во тесна координација со земјите членки на НАТО како наши сојузници и земјите членки на ЕУ во однос на заедничкиот ангажман да се поддржат дипломатските напори за итен и безусловен прекин на воените дејствија на територијата на Украина“, се вели понатаму во Декларацијата.

    Денеска е осми ден од руската инвазија на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира