12 ЛЕКАРИ И 20 СЕСТРИ ОД АРМИЈАТА ОД ДЕНЕС ЌЕ ПОМАГААТ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИ

    12 ЛЕКАРИ И 20 СЕСТРИ ОД АРМИЈАТА ОД ДЕНЕС ЌЕ ПОМАГААТ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИМинистерската за одбрана Радмила Шеќеринска во петокот на министерот за здравство Венко Филипче му предаде 10.000 брзи ковид тестови, донација од Кралството Норвешка. (Фото: Министерство за здравство)

    Дванаесет лекари и 20 медицински сестри од Воено медицинскиот центар на Армијата, од денеска се вклучуваат во работа на Интерните клиники каде има неколку ковид оддели, соопшти Министерството за здравство. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пациенти во ковид одделенијата.

    „Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка, земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата се посветени на ковид пациенти“, вели Министерството.

    Министерството за одбрана на Министерството за здравство во петокот му предаде 10.000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата сe 61.543, оздравеa 38.400, починаа 1.731, а активни се 21.412.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира