12 МРТВИ ВО НАЈТРАГИЧНИОТ ПОЖАР ВО ЊУЈОРК ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ

    12 МРТВИ ВО НАЈТРАГИЧНИОТ ПОЖАР ВО ЊУЈОРК ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИПожарот се случи во 100 години стара зграда во Бронкс, која има повеќе од 20 спрата

    Најмалку 12 луѓе, вклучувајќи четири деца, загинаа во пожарот што зафати една станбена зграда во Бронкс, Њујорк, а уште четири лица се во критична состојба.

    Градоначалникот Бил де Бјазио изјави дека ова е најсмртоносниот пожар во Њујорк во последните 25 години. Причината за пожарот засега не е позната.

    „Се наоѓаме на местото на неописива трагедија. Вечерва во Бронкс семејства се уништени. Ова е најтрагичниот пожар што сме го имале во градот во последните четрвт век. Според информациите што ги имаме, ова ќе биде пожар со најмногу загубени животи по многу, многу години“, кажа Ди Бјазио.

    Тој додаде дека пожарникарите успеале да извлечат 12 луѓе од зградата во пламен.

    „Ова е трагедија од историски размери. Луѓето загинаа на различни спратови, на возраст од една до 50 години. Иако сме навикнати на трагедии, ова е шокантно голема загуба на животи“, изјави командирот на противпожарната единица Даниел Нигро.

    Пожарот се случи во 100 години стара зграда, која има повеќе од 20 спрата.

    Изземајќи ги нападите од 11 септември, ова е најтрагичниот пожар во Њујорк од 1990 година, кога во еден клуб во Бронкс загинаа 87 луѓе.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари