12 ПОЧИНАТИ И 198 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ

    12 ПОЧИНАТИ И 198 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕПрва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Изминатите 24 часа се пријавени вкупно 12 починати лица поврзани со ковид-19, соопшти Министерството за здравство. 6 од починатите се од Скопје (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), по 2 лица од Гостивар (58г и 70г), и по 1 починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г), Од пријавените, сите 12 лица се починати во болнички услови.

    Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19. Новите случаи се од: Скопје – 76, Куманово – 25, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица – по 5,Виница – 4 ,Неготино, Ресен и Берово – по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 1.

    Министерството за здравство соопшти дека на вакциналните пунктови, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 97.004 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани.

    Вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани.

    Досега во земјата се направени вкупно 738.012 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 67.881, активни 5.099
    Куманово 8.703, активни 900
    Прилеп 8.237, активни 444
    Тетово 7.172, активни 447
    Битола 6.222, активни 725
    Велес 5.444, активни 382
    Гостивар 5.146, активни 286
    Кавадарци 5.135, активни 221
    Охрид 4.959, активни 406
    Штип 4.935, активни 251
    Струмица 4.073, активни 226
    Струга 2.962, активни 140
    Кочани 2.755, активни 155
    Кичево 2.511, активни 239
    Гевгелија 2.185, активни 164
    Неготино 2.173, активни 133
    Свети Николе 1.511, активни 102
    Ресен 1.222, активни 178
    Крива Паланка 1.215, активни 47
    Радовиш 1.112, активни 90
    Берово 1.024, активни 26
    Делчево 959, активни 68
    Дебар 935, активни 25
    Виница 851, активни 116
    Пробиштип 779, активни 21
    Валандово 664, активни 19
    Богданци 494, активни 42
    Крушево 489, активни 72
    Демир Капија 396, активни 15
    Демир Хисар 394, активни 60
    Кратово 361, активни 10
    Македонски Брод 356, активни 4
    Пехчево 265, активни 14
    Македонска Каменица 239, активни 17
    Дојран 132, активни 4

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира