12-ТЕ БОРБЕНИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ ГИ ДОНИРАМЕ НА УКРАИНА, ВО НАШАТА АРМИЈА НЕМА МЕСТО ЗА ОПРЕМА ПРОИЗВЕДЕНА 1984 ГОДИНА, КАЖА ПЕТРОВСКА

    12-ТЕ БОРБЕНИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ ГИ ДОНИРАМЕ НА УКРАИНА, ВО НАШАТА АРМИЈА НЕМА МЕСТО ЗА ОПРЕМА ПРОИЗВЕДЕНА 1984 ГОДИНА, КАЖА ПЕТРОВСКАМакедонски хеликоптери Ми-24 на воена вежба во Криволак. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска кажа дека македонската армија е при крај со процесот на набавка а 8 нови повеќенаменски хеликоптери, чија што набавка ќе чини над 200 милиони евра. Со овие 8 хеликоптери треба да се модернизира армијата откако Владата одлучи да ги донира сегашните 12-те хеликоптери од советско производство на Украина.

    „Пред завршна фаза сме во анализа за набавка на 8 повеќенаменски хеликоптери за што се пристигнати пет понуди од различни земји. Нашата намера е со сите овие набавки да одиме согласно принципот на договор влада со влада како гарант дека овие договори се ослободени од сомнеж по секоја основа, вклучително и сомнежот за корупција. Последна одлука е донирање на 12-те борбени хеликоптери за Украина за што Владата донесе одлука пред два дена“, изјави Петровска денеска на брифингот за новинари.

    Петровска додаде дека „армијата се модернизира со најсофистицирано вооружување и затоа во нејзиниот состав нема место за опрема произведена 1984 година и која со години и години стои само како бројка, а е со истечен со ресурс“.
    Како што кажа министерката, доколку не ја донираме опремата, за одреден период ќе треба да платиме за да ја уништиме.

    „Во поглед на модернизацијата на армијата, за периодот 2019-2032 година претходно биле предвидени околу 600 милиони евра, а сега поради порастот на цените во воената индустрија, пресметките се околу 900 милиони евра, но и тоа не е сигурно, сè додека не се склучат договорите. За хеликоптерите претходно предвидено беше 214 милиони евра, но извесно е и дека таму ќе има мало покачување“, вели таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира