127 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 904 ТЕСТА, ЗА 24 ЧАСА ПОЧИНАА УШТЕ 8-МИНА

    127 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 904 ТЕСТА, ЗА 24 ЧАСА ПОЧИНАА УШТЕ 8-МИНАВо изминатото деноноќие починаа 8 лица по компликации од коронавирус. - Возило на Брза помош пред Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“. (Фото: Ѓ. Личовски )

    Во изминатото деноноќие починаа 8 лица по компликации од коронавирус, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево, а од 904 тестирања, регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, објави Министерството за здравство.

    Новите случаи се од:

    -Скопје 57
    -Куманово 4
    -Штип 13
    -Тетово 6
    -Струга 10
    -Охрид-7
    -Кавадарци 1
    -Гостивар 8
    -Пробиштип 2
    -Демир Хисар 1
    -Кратово 2
    -Свети Николе 12
    -Кичево 4

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од:

    -Скопје 35
    -Штип 8
    -Тетово 33
    -Велес 1
    -Гостивар 5
    -Пехчево 1

    Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупнo ковид дијагностицирани во земјава има 9.153, оздравени се 4.810,  починаа 422, а активни случаи има 3.921.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира