128 ЗЕМЈИ ВО ОН, МЕЃУ НИВ И МАКЕДОНИЈА, ГЛАСАА ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА САД ЗА ЕРУСАЛИМ И ПОКРАЈ ЗАКАНИТЕ НА ТРАМП

    128 ЗЕМЈИ ВО ОН, МЕЃУ НИВ И МАКЕДОНИЈА, ГЛАСАА ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА САД ЗА ЕРУСАЛИМ И ПОКРАЈ ЗАКАНИТЕ НА ТРАМПРезолуцијата беше прифатена со 128 гласа „за“ и 9 „против“. - Резултатот од гласањето во Генералното собрание на ОН

    Генералното собрание на Обединетите нации со 128 гласа „за“, меѓу кои и Македонија, ја поддржа резолуцијата со која се повикуваат САД да го повлечат признавањето на Ерусалим за главен град на Израел. „Против“ беа 9 земји, а 35 не гласаа.

    Усвојувањето на необврзувачката резолуција се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја укине финансиската помош за земјите кои ќе ја поддржат резолуцијата. Дополнително, американската амбасадорка во ОН Ники Хејли најави дека ќе забележува која земја како ќе гласа.

    Од 28 земји од Европската унија, 22 ја поддржаа резолуцијата, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија.

    Претходно месецов, Трамп соопшти дека неговата администрација го признава Ерусалим како главен град на Израел и ќе почне со процесот на преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира