13 ПАРТИИ СЕ ОБВРЗАА ДЕКА ПО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ ПАРИ ЗА ЗАШТИТА ОД ХИВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    13 ПАРТИИ СЕ ОБВРЗАА ДЕКА ПО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ ПАРИ ЗА ЗАШТИТА ОД ХИВ

    Тринаесет политички партии денеска се обврзаа дека по изборите ќе иницираат да се обезбедат пари и ќе го поддржат финансирањето на сите програми за превенција и заштита на населението од ХИВ. Тие денес ја потпишаа Декларацијата за обезбедување на финансирањето на програмите за заштита, превенција и поддршка од ХИВ, која е предложена од повеќе граѓански организации.

    “Политичките партии се обврзаа преку пратениците во новиот парламентарен состав, односно преку претставниците во извршната власт, по парламентарните избори на 11 декември 2016, да иницираат и поддржат обезбедување средства од националниот буџет, со коишто ќе се осигура одржливоста на основите превентивни програми за превенција и поддршка од ХИВ. Се обврзаа дека ќе подготват и донесат законски ефективни механизми со коишто ќе се обезбеди долгорочно и одржливо државно финансирање на програмите за ХИВ за социјално исклучените граѓани и групите под особен ризик од ХИВ“, рече Елизабета Божиноска од ХЕРА.

    Декларација ја поддржаа Демократска обнова на Македонија, Демократски сојуз, Движење за реформи ДПА, Достоинство, Левица, Либерална партија, Либерално-демократска партија, Нова социјалдемократска партија, Партија за европска иднина, Партијата за целосна еманципација на Ромите, Социјалдемократски сојуз на Македонија, Унитети, Фродем.

    Божиноска потсети дека од следната година овие програми нема да добиваат финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија и дека треба државата да преземе мерки да бидат оддржливи сите програми што биле воспоставени изминатите 12 години, со кои се држи под контрола инфекцијата. За следната година во буџетот на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Македонија се предвидени 27 милиони денари, кои според граѓанските организации се недоволни.

    “Експертите ангажирани од Министерството за здравство предвидоа дека се потребни најмалку 65 милиони денари за да се одржи третманот, за да се обезбеди третман за целата година и за шест месеци да се обезбеди одржливост на програмите за превенција“, рече Божиноска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира