14 ПОЧИНАТИ И 135 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, БРОЈОТ НА ВАКЦИНИРАНИ НАДМИНА 100 ИЛЈАДИ

    14 ПОЧИНАТИ И 135 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, БРОЈОТ НА ВАКЦИНИРАНИ НАДМИНА 100 ИЛЈАДИБројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 279.909 граѓани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во последните 24 часа се пријавени вкупно 14 починати лица од компликации поврзани со ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Починати се: 7 од Скопје (47г,64г,69г,71г,72г, 76г и 79г), 3 лица од Куманово (67г,71г, и 85г), и по 1 починато лице од Битола (49г), Струмица (78г), Кичево (82г) и Крива Паланка (85г). Од пријавените, сите 14 лица се починати во болнички услови.

    Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 74, Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, Прилеп , Тетово и Струмица – по 5, Охрид и Пробиштип – по 3, Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш – по 2 ,Кавадраци, Струга, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Крушево – по 1.

    На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.857 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 279.909 граѓани.

    Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 760 и има околу 915 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во болниците низ државата се лекуваат 436 ковид-пациенти, а во главниот град 324.

    Досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 67.955, активни 5.047
    Куманово 8.714, активни 877
    Прилеп 8.242, активни 449
    Тетово 7.177, активни 447
    Битола 6.229, активни 701
    Велес 5.446, активни 371
    Гостивар 5.146, активни 282
    Кавадарци 5.136, активни 222
    Охрид 4.962, активни 401
    Штип 4.937, активни 237
    Струмица 4.078, активни 216
    Струга 2.963, активни 137
    Кочани 2.756, активни 145
    Кичево 2.513, активни 231
    Гевгелија 2.185, активни 162
    Неготино 2.173, активни 133
    Свети Николе 1.512, активни 99
    Ресен 1.224, активни 176
    Крива Паланка 1.216, активни 46
    Радовиш 1.114, активни 89
    Берово 1.024, активни 25
    Делчево 959, активни 68
    Дебар 935, активни 25
    Виница 857, активни 117
    Пробиштип 782, активни 23
    Валандово 664, активни 16
    Богданци 494, активни 39
    Крушево 490, активни 73
    Демир Капија 396, активни 15
    Демир Хисар 394, активни 57
    Кратово 361, активни 9
    Македонски Брод 356, активни 4
    Пехчево 265, активни 12
    Македонска Каменица 239, активни 16
    Дојран 132, активни 4

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира