15-ГОДИШНА ДЕВОЈКА МЕЃУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ШТИП-МИЛАДИНОВЦИ

    15-ГОДИШНА ДЕВОЈКА МЕЃУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ШТИП-МИЛАДИНОВЦИВо несреќата учествуваа две возила (Фото: МИА)

    Три лица, вклучувајќи 15-годишна девојка, починаа во тешката сообраќајна несреќа која денеска околу пладне се случи на автопатот Штип-Миладиновци, во близина на патарината кај селото Кадрифаково. Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, изјави дека 15-годишна девојка и 62-годишна жена загинаа на самото место, а потоа во Клиничката болница во Штип починала и 37-годишна жена, која имала тешки телесни повреди.

    Во несреќата учествуваа две возила, при што во штипската болница се примени уште четири лица, од кои едно дополнително било пренесено на лекување во Скопје.

    Денеска околу 12:30 часот, на автопатот Штип-Миладиновци, недалеку од место викано Криви Дол, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘тојота ленд крузер‘ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д. С. (29) од Кочани и ‘шевролет калос‘ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. М. (44) од Скопје. На местото на несреќата починалe В. З. (62) од Кочани и малолетна сопатничка од ‘шевролетот‘“, објави МВР.

    Сообраќајот од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин и пренасочен на стариот регионален пат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира