15-ГОДИШНИК УБИ 14-ГОДИШНИК ВО ПРИЛЕП, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР

    15-ГОДИШНИК УБИ 14-ГОДИШНИК ВО ПРИЛЕП, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОРОбвинетото момче со нож го изболед 14-годишникот кој подоцна починал. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 15-годишник од прилепското село Сенокос, поради постоење на основано сомнение дека убил 14-годишно момче во Прилеп. Ова е предвидено како кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.7 од Кривичниот законик. Убиството се случи вчера.

    „Во влезот од зграда лоцирана на улицата Кузман Јосифоски во Прилеп, осомничениот со умисла лишил од живот дете родено 2009 година, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож. Оштетениот успеал да избега, меѓутоа изгубил свест и подоцна им подлегнал на повредите“, соопшти Обвинителството.

    Бидејќи постојат законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот, вели Обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира