15 ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА, 628 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 2.236 ТЕСТОВИ

    15 ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА, 628 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 2.236 ТЕСТОВИНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Петнаесет пациенти починаа по компликации од ковид-19 во последните 24 часа, од кои седум се од Скопје (76, 63, 84, 82, 75, 80 и 85 години), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51), еден од Ресен (70), еден од Делчево (59) и еден пациент од Охрид (87).

    Според статистиката на Министерството за здравство, од 2.236 тестирања, регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 10 позитивни мајки, 3 деца и 3 мајки суспектни на ковид-19. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На Инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје-281, Куманово-18, Дебар-12, Штип-6, Прилеп-9, Тетово-31, Струга-4, Велес-9, Битола-15, Охрид-8, Кавадарци-9, Гостивар-11, Гевгелија-10, Струмица-14, Крива Паланка-12, Радовиш-3, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-9, Валандово-2, Виница-6, Делчево-31, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-7, Неготино-2.

    Во земјава вкупно ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата се 27.827, оздравеа 19.479, починаа 949, а активни случаи се 7.399. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 11.941, активни 3.551
    • Куманово 2.161, активни 337
    • Дебар 321, активни 44
    • Штип 1.574, активни 212
    • Прилеп 1.144, активни 349
    • Тетово 1.966, активни 409
    • Струга 797, активни 90
    • Велес 548, активни 177
    • Битола 578, активни 200
    • Охрид 632, активни 178
    • Кавадарци 438, активни 170
    • Гостивар 1.122, активни 146
    • Гевгелија 332, активни 160 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 45 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 762, активни 430
    • Крива Паланка 213, активни 66
    • Радовиш 206, активни 76
    • Крушево 22, активни 2
    • Кочани 647, активни 187
    • Пробиштип 167, активни 34
    • Демир Хисар 75, активни 13
    • Македонски Брод 102, активни 6
    • Пехчево 57, активни 7
    • Берово 195, активни 47
    • Валандово 92, активни 33
    • Виница 164, активни 54
    • Делчево 231, активни 100 (50 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 37, активни 10
    • Свети Николе 458, активни 69
    • Кичево 494, активни 124
    • Ресен 228, активни 56
    • Неготино 123, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.236 теста се преку: ИЈЗ-404, ЦЈЗ Скопје-80, Авицена-398, Биотек-254, МАНУ -283, Жан Митрев (Филип Втори) -366, Систина со ПЦР метода -246 , лабораторија Лаор –68, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-58, Инфективна клиника-7, ГАК-0, Синлаб-61, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 238.011 тестирања на ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 169
    • Гази Баба – 460
    • Аеродром – 661
    • Карпош – 541
    • Центар – 508
    • Кисела Вода – 432
    • Ѓорче Петров – 299
    • Бутел – 168
    • Шуто Оризари – 29
    • Студеничани – 8
    • Сарај – 27
    • Арачиново – 8
    • Илинден – 61
    • Сопиште – 31
    • Чучер Сандево – 19
    • Петровец –21
    • Зелениково – 9
    • Странец – 20
    • Нераспределен- 80

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира