150 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ДА ОДАТ ВО ТУРЦИЈА И ДА ПОМОГНАТ ВО ПОГОДЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

    150 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ДА ОДАТ ВО ТУРЦИЈА И ДА ПОМОГНАТ ВО ПОГОДЕНИТЕ ПОДРАЧЈАПонудени се и две комбиња специјализирани за интензивна нега. (Фото: СДК.МК)

    Околу 150 здравствени работници од Макеонија се пријавија да заминат во Турција за да помогнат при лекување на повредените во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес. Како што кажа минисерот за здравствпо Беким Сали, денеска ќе биде комплетитран списокот на доброволци и потоа ќе биде предаден во Центарот со управување и кризи (ЦУК).

    ЦУК понатаму, преку комуникација со турските власти и НАТО, ќе извести за расположивите капацитети и човечки и материјални. Јас би сакал уште вчера медицинските екипи да тргнеа кон Турција, но ги почитуваме протоколите и чекаме одговор за тоа што им е потребно“, рече Сали по посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

    Покрај здравствени работници понудени се и две комбиња специјализирани за интензивна нега, кои се добиени како донација за Клиниката за педијатрија.

    Тие две комбиња, комплетирани со два тима од доктор, шофер и медицинска сестра, се подготвени да заминат до погодените места. Имаме и список на лекови што ние го обезбедивме преку компании и донатори и тие се ставени на располагање, а турските власти по потреба ќе одобрат што им е неопходно за да ги испратиме кон погодените места“, рече Сали.

    Во Турција веќе се отидени екипи од Пожарните бригади на Град Скопје, Струмица, Битола, Тетово и Штип.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира