16-ГОДИШНИК СО „БМВ Х6“ ПРЕГАЗИ ДОКТОР КАЈ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

    16-ГОДИШНИК СО „БМВ Х6“ ПРЕГАЗИ ДОКТОР КАЈ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕДокторот со тешки телесни повреди бил пренес во комплексот клиники „Мајка Тереза“. (Фото: К. Попов)

    Синоќа околу 20.30 часот 16-годишник прегази доктор на улицата Мајка Тереза, поранешна Водњанска во Скопје. Малолетникот со возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски таблички удрил во 58-годишниот доктор Ѓорѓи Јота, хирург и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, кој пешки ја минувал улицата во близина на Клиничкиот центар заминувајќи си од работа.

    „Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот кој бил пренесен во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а лицето е приведено“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Лекарската комора најстро го осуди инцидентот и побара подигање на безбедносните стандарди.

    „Особено сме згрозени од фактот што сторителот без да пружи и повика помош го напуштил местото на настанот оставајќи го повредениот во тешка, животнозагрозувачка состојба. Ценејќи ја сериозноста на овој случај упатуваме јавно барање до судско-обвинителскиот систем навремено, сериозно и одговорно да пристапат кон решавање на овој случај, а сторителот да биде најостро санкциониран. Овој случај покажува дека не е потребно подигање на безбедносните стандарди само во здравствените установи, туку и во нивната непосредна околина, каде покрај здравствените работници се движат и лица кои поради здравствената состојба имаат потешкотии во движењето, како и инвалидизирани лица. Неопходно е да се создадат побезбедни услови за работа на здравствените професионалци и за лекување на пациентите“, соопшти Лекарската комора.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира