2.300 МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ПОМИНАА ОНЛАЈН ОБУКА ЗА КОВИД-19 ПРЕКУ УНИВЕРЗИТЕТОТ БРАУН ОД САД

    2.300 МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ПОМИНАА ОНЛАЈН ОБУКА ЗА КОВИД-19 ПРЕКУ УНИВЕРЗИТЕТОТ БРАУН ОД САД760 вработени на клниките во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ го поминаа тренингот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Над две илјади и триста здравствени работници, медицински сестри и лекари, беа дел од онлајн тренинг програмата за КОВИД-19 на Универзитетот Браун од САД, соопшти Министерството за здравство. Првично била избрана група од 40 медицински лица, 20 лекари и 20 медицински сестри кои ја поминале  четиридневната онлајн обука со обучувачи од Универзитетот. Истите тие потоа направија обука на близу 2.300 здравствени работници од сите здравствени установи во земјава.

    Тренингот е развиен од проект ХОУП заедно со Браун, врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници. Истиот се спроведува во многу земји во светот погодени од кризата со КОВИД-19 вирусот.

    „Со оглед на фактот дека голем дел од здравствени работници во светот, за жал се заболени со КОВИД-19, целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој“, вели Министерството.

    Според последната статистика од Институтот за јавно здравје, во земјава има 229 заболени медицински лица.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира