200 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 1.828 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА ЧЕТВОРИЦА, В БОЛНИЦА СЕ ВКУПНО 372 БОЛНИ

    200 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 1.828 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА ЧЕТВОРИЦА, В БОЛНИЦА СЕ ВКУПНО 372 БОЛНИДосега во земјата се направени вкупно 113.619 тестирања за ковид-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Починаа 4 лица во последните 24 часа по компликации од ковид-19, а регистрирани се 200 нови случаи од 1.828 тестирања. Министерството за здравство вели дека починаа 70-годишен скопјанец, пациент од Гостивар (58), од Куманово (51) и од Македонски Брод (66), како и дека двајца пациенти се починати во болнички услови, двајца се починати вонболнички, без информација за кои болници станува збор.

    Новите случаи се регистрирани во: Скопје-65, Куманово-14, Дебар-6, Штип-21, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-5, Велес-12, Битола-7, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-14, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-5, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-4, Свети Николе-3, Кичево-6, Неготино-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.
    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од: Велес-2, Битола-6, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-3, Ресен-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 11.754, оздравеа 7.622, починаа е 523, а активни случаи има 3.609. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5.116, активни 1.305
    • Куманово 1.139, активни 267
    • Дебар 216, активни 125
    • Штип 944, активни 392
    • Прилеп 344, активни 48
    • Тетово 1093, активни 208
    • Струга 478, активни 195
    • Велес 239, активни 30
    • Битола 161, активни 71
    • Охрид 298, активни 90
    • Кавадарци 104, активни 82
    • Гостивар 549, активни 313
    • Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
    • Струмица 40, активни 24
    • Крива Паланка 26, активни 12
    • Радовиш 33, активни 10
    • Крушево 16, активни 7
    • Кочани 113, активни 25
    • Пробиштип 62, активни 20
    • Демир Хисар 42, активни 31
    • Македонски Брод 51, активни 40
    • Пехчево 6, активни 0
    • Берово 8, активни 4
    • Валандово 7, активни 1
    • Виница 28, активни 24
    • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 14, активни 4
    • Свети Николе 233, активни 121
    • Кичево 188, активни 115
    • Ресен 146, активни 17
    • Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.828 теста се преку: ИЈЗ-868, ЦЈЗ Скопје-20, Авицена-162, Биотек-141, МАНУ -95, Жан Митрев (Филип Втори)-315, Систина со ПЦР метода -148, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-61, Инфективна клиника-8, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 113.619 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира