204 ПОЧИНАТИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОД КОВИД-19, МЕЃУ КОИ И ПЕТМИНА НА ВОЗРАСТ ОД 30-39 ГОДИНИ

    204 ПОЧИНАТИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОД КОВИД-19, МЕЃУ КОИ И ПЕТМИНА НА ВОЗРАСТ ОД 30-39 ГОДИНИДржавниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) минатата недела соопшти дека периодов се истражуваат осум смртни случаи, од кои 7 се за помлаДи пациенти; - Вработени од погребална служба пред монтажната болница до Инфективна клиника. (Фото: Ѓ. Личовски )

    Од 16 до 22 ноември во земјава по компликации од ковид-19 починале 204 лица од 24 градови, што е зголемување од 18.6 проценти во однос на минатата недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7%. Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) минатата недела соопшти дека периодов се истражуваат осум смртни случаи, од кои 7 се за помлади пациенти.

    Според Институтот, од 16 до 22 ноември тестирани се 19.664 материјали, со намалување од 6,3% во однос на минатата недела. Регистрирани се 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела од 1,8%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (3.255; 43,5%), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38%.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.818, 24,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (1.496; 20,0%), 30-39 (1.474; 19,7%), 50-59 (1.348; 18,0%) и 20- 29 (978; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (85; 1,6%) и 10-19 години (287; 3,8%).

    Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол.
    По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.099 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 44,7% повеќе во споредба со минатата недела.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира