214 СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ ДОБИЛЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ ЗА ДА ГИ ИЗБЕГНАТ МЕЃУНАРОДНИТЕ ПОТЕРНИЦИ, УАПСЕНИ ВРАБОТЕНИ ВО ПАСОШКО ВО МВР

    214 СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ ДОБИЛЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ ЗА ДА ГИ ИЗБЕГНАТ МЕЃУНАРОДНИТЕ ПОТЕРНИЦИ, УАПСЕНИ ВРАБОТЕНИ ВО ПАСОШКО ВО МВРВо денешната акција на МВР, уапсени се овластени службени лица и контролори, односно лица кои биле задолжени за издавање и одобрување на патните исправи. - Министерот Оливер Спасовски (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Групата уапсени полициски службеници вработени во пасошкото одделение на МВР во МТВ, продавале патни исправи со туѓ идентитет исклучиво на странски државјани и на криминалци барани со меѓународна потерница.

    Шпекулациите на Балканот кои траеја подолго време: „Оди купи си пасош од Македонија и бегај”, денеска со акцијата на МВР и на Интерпол, се потврдија.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција попладнево соопшти дека вкупно 215 лица добиле македонски патна исправа со туѓ идентитет, 214 биле странски државјани, а само еден бил наш.

    „Приведени се 9 лица, а по еден се трага. Од нив 9 се вработени во МВР, а еден бил посредник”, рече тој.

    Уапсените се овластени службени лица и контролори, односно лица кои биле задолжени за издавање и одобрување на патните исправи.

    Лицата на кои им се давани пасошите, се лица од висок ризик, т.е. сторители на криминал кои се барале со меѓународни потерници, кажа Спасовски.

    Спасовски за прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема кои се одржаа вчера и кажа денеска биле обид за саботажа на акцијата, но дека за среќа, безуспешен.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира