249 ПОРТАЛИ, 37 ТЕЛЕВИЗИИ, 35 РАДИЈА И 11 ВЕСНИЦИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ, ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ 10,6 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БУЏЕТОТ

    249 ПОРТАЛИ, 37 ТЕЛЕВИЗИИ, 35 РАДИЈА И 11 ВЕСНИЦИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ, ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ 10,6 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БУЏЕТОТСпоред пресметките на ДИК за овие иизбори за платено политичко рекламирање ќе бидат потребни рекордни 10.6 милиони евра. (Фото: СДК.МК)

    Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 84 седница го усвои регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали, на кои ќе се врши платено политичко рекламирање за претседателските и парламентарните избори. Во регистарот се 249 портали, 37 телевизии, 35 радија и 11 весници.

    Партиите нема да можат да нарачуваат платено политичко рекламирање во медиуми кои ги нема во регистарот на ДИК и на нив нема да може да им исплаќа пари од трансакциската сметка за изборната кампања.

    Годинава парламентарните и вториот круг претседателските избори ќе се одржат заедно на 8 мај. Според пресметките на ДИК, за платено политичко рекламирање ќе бидат потребни рекордни 10.6 милиони евра.

    Кампањите на политичките партии ги плаќаат граѓаните односно се финансисраат со пари од државниот буџет. Ваквиот модел на платено политичко рекламирање ги фаворизира четирите најголеми партии односно, тие добиваат најмногу пари.

    Законот предвидува по 45 проценти од сумата да добијат двете најголеми владејачки и двете најголеми опозициски партии, 7 проценти ќе одат кај партиите што на претходните избори освоиле пратеничко место, меѓутоа немаат доволно народни претставници за пратеничка група и само 3 проценти се предвидени за партиите што не се претставени во Собранието.

    Вчера, Собранието ги усвои измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои што се враќаат државните пари за приватните телевизии, законски укинати во 2018 година.

    Со вчерашните измени, 0,1 отсто од државниот буџет од даночните приходи ќе се трошат на реклами во приватни телевизии, што е околу 2,3 милиони евра.

    Првиот круг претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг за избор на претседател заедно со парламентарните избори  ќе биде на 8 мај.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира