Синоќа 248 граѓани во Скопје се казнети бидејќи возеле под дејство на алкохол, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
СВР Скопје вчера од 23 до 5 часот наутро на повеќе локации низ градот спровела акција за откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Во акцијата контролирани биле 1.234 возачи. Од нив 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Биле пишани и 252 казни по други основи.
„Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје. Набавени се нови 80 дрегери за проверка на алкохол кај возачите. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата“, вели Тони Ангеловски портпарол на МВР.