26 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И УШТЕ 530 ПОЗИТИВНИ ОД 1.999 ТЕСТОВИ

    26 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И УШТЕ 530 ПОЗИТИВНИ ОД 1.999 ТЕСТОВИНа Инфективните оддели во земјава лежат 1.045 болни од ковид-19, и има околу 300 празни кревети. (Фото: К. Попов)

    Од 1.999 тестирања во последните 24 часа регистрирани се 530 нови случаи на ковид-19, а во болнички услови починаа 26 пациенти. Министерството за здравство соопшти дека починаа седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83), еден од Куманово (69), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71), еден од Тетово (53), три од Струга (56, 84 и 81), двајца пациенти од Битола (62 и 74), тројца од Охрид (66, 65 и 79), двајца од Гостивар (68 и 82), двајца од Струмица (74 и 62) и еден пациент од Делчево (56).

    Во Скопје се регистрирани 229 нови случаи, во Куманово-37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, Пехчево-8, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-8, Неготино-12.

    На Инфективните оддели во земјава лежат 1.045 болни од ковид-19, и има околу 300 празни кревети во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти од: Скопје-259, Куманово-24, Дебар-11, Штип-14, Прилеп-25, Тетово-32, Велес-17, Битола-19, Кавадарци-21, Гостивар-18, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-8, Кочани-6, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-5, Валандово-3, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-8, Кичево-7, Ресен-2 и Неготино-15.

    Од почетокот на епидемијата во земјава заболеа 81.425, оздравеа 58.720, починаа 2.427, а активни случаи се 20.278. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 35.148, активни 11.519
    • Куманово 4.642, активни 578
    • Дебар 605, активни 118
    • Штип 3.250, активни 313
    • Прилеп 4.114, активни 649
    • Тетово 4.691, активни 905
    • Струга 1.985, активни 357
    • Велес 2.694, активни 526
    • Битола 2.971, активни 627
    • Охрид 2.350, активни 599
    • Кавадарци 2.042, активни 583
    • Гостивар 3.336, активни 612
    • Гевгелија 1.121, активни 299 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2.255, активни 636
    • Крива Паланка 597, активни 119
    • Радовиш 602, активни 124
    • Крушево 161, активни 71
    • Кочани 1.574, активни 252
    • Пробиштип 440, активни 47
    • Демир Хисар 232, активни 39
    • Македонски Брод 210, активни 27
    • Пехчево 145, активни 26
    • Берово 487, активни 51
    • Валандово 299, активни 67
    • Виница 440, активни 67
    • Делчево 662, активни 205 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 192, активни 24
    • Свети Николе 1031, активни 121
    • Кичево 1.549, активни 254
    • Ресен 625, активни 140
    • Неготино 975, активни 326 (153 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.999 теста се преку: ИЈЗ-465, ЦЈЗ Скопје-85, Авицена-160, Биотек-175, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-93, Систина со ПЦР метода -125, лабораторија Лаор –58, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-20, Ремедика-36, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -553, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 392.376 тестирања на ковид -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира