29 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 38 ДО 86 ГОДИНИ, УШТЕ 1.264 БОЛНИ ОД 3.897 ТЕСТОВИ

    29 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 38 ДО 86 ГОДИНИ, УШТЕ 1.264 БОЛНИ ОД 3.897 ТЕСТОВИВо болниците и ковид-центрите низ земјава се лекуваат 1.448 лица. (Фото: СДК.МК)

    Дваесет и девет лица починаа на возраст од 38 до 86 години во изминативе 24 часа поради компликации од ковид-19, а регистрирани се 1.264 случаи од 3.897 тестирања. Починати се 8 пациенти во Скопје, по 3 пациенти од Охрид и Струмица, по 2 пациенти од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. Од пријавените, 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Ова е втората највисока дневна бројка на починати, откако на 22 март починаа 30 болни.

    Новите случаи по градови се во Скопје – 585, Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, Гостивар – 31, Гевгелија – 28, Кочани – 22, Свети Николе – 21, Неготино – 17, Кичево, Берово и Пробиштип по – 13, Ресен – 11, Радовиш – 9, Валандово и Крушево – по 8, Струга – 7, Демир Капија и Пехчево – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци – по 5, Македонски Брод – 3, Кратово и Демир Хисар – по 2, Дебар и Македонска Каменица по – 1.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 722 оздравени пациенти. а во болница се лекуваат 1.448 лица.

    Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи е 16.543.

    Направените се 3.897 тестови преку: ИЈЗ-829, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија – 79, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Авицена-351, Биотек-463, Систина-260, лабораторија Лаор–138, Синлаб-73, Ремедика-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1340. Досега во земјата се направени вкупно 603.679 тестирања на Ковид-19.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 55184, активни 8362

    Прилеп 6715, активни 988

    Куманово 6451, активни 664

    Тетово 6106, активни 508

    Гостивар 4342, активни 406

    Кавадарци 4240, активни 677

    Велес 4198, активни 573

    Битола 4113, активни 549

    Штип 4088, активни 353

    Охрид 3932, активни 616

    Струмица 3125, активни 294

    Струга 2600, активни 166

    Кочани 2148, активни 210

    Кичево 1922, активни 123

    Неготино 1826, активни 422

    Гевгелија 1689, активни 334

    Свети Николе 1225, активни 96

    Крива Паланка 1029, активни 101

    Ресен 957, активни 143

    Радовиш 859, активни 98

    Дебар 826, активни 31

    Делчево 824, активни 91

    Берово 792, активни 107

    Пробиштип 658, активни 83

    Виница 576, активни 48

    Валандово 480, активни 82

    Крушево 421, активни 134

    Богданци 384, активни 67

    Демир Капија 336, активни 77

    Кратово 320, активни 27

    Демир Хисар 320, активни 48

    Македонски Брод 286, активни 32

    Пехчево 215, активни 19

    Македонска Каменица 198, активни 5

    Дојран 106, активни 9

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира