29 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 49-92 ГОДИНИ, УШТЕ 1.402 БОЛНИ ОД 3.978 ТЕСТОВИ

    29 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 49-92 ГОДИНИ, УШТЕ 1.402 БОЛНИ ОД 3.978 ТЕСТОВИВо изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 79 нови пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дваесет и девет пациенти починаа од ковид-19 во болнички услови во изминатите 24 часа, а од 3.978 тестови регистрирани се 1.402 позитивни, соопшти Министерството за здравство.

    Пријавени се 10 починати од Скопје (49, 61, 2 лица со 62,63,68, 69,72,74,и 76), 3 од Битола (62, 64, 71), по 2 пациенти од Прилеп (75 и 92), Гостивар (70 и 74), Кавадарци (50 и 62), Штип (72 и 83), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84), Кочани (76), Кичево(74), Неготино (84), Ресен (65), Радовиш(58) и Демир Хисар(80).

    Нови случаи се регистрирани во: Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци – 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино – 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.649 болни и има околу 260 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 761 оздравен пациент од: Скопје – 388, Прилеп – 51, Битола – 45, Кавадарци – 37, Гостивар – 28, Тетово – 27, Куманово – 26, Велес – 24, Штип и Неготино – по 19, Гевгелија – 18, Струмица – 13, Ресен – 9, Берово – 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Валандово и Крушево – по 3, Кратово, Демир Хисар и Богданци – по 2, Дојран – 1.
    Направени се 3.978 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–82, МАНУ-177, Жан Митрев (Филип Втори)-197, Авицена-334, Биотек-285, Систина-246, лабораторија Лаор-165, Синлаб – 63, Ремедика-46, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.331.

    Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата се 131.424, оздравени се 107.740, починати се 3.810, а активни случаи се 19.874.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 58820, активни 9858
    Прилеп 7131, активни 1095
    Куманово 6944, активни 927
    Тетово 6358, активни 613
    Гостивар 4576, активни 487
    Велес 4568, активни 754
    Битола 4524, активни 802
    Кавадарци 4491, активни 722
    Штип 4307, активни 454
    Охрид 4176, активни 796
    Струмица 3306, активни 376
    Струга 2698, активни 245
    Кочани 2267, активни 253
    Кичево 2032, активни 193
    Неготино 1948, активни 391
    Гевгелија 1859, активни 398
    Свети Николе 1280, активни 127
    Крива Паланка 1080, активни 110
    Ресен 1015, активни 163
    Радовиш 912, активни 120
    Дебар 860, активни 56
    Берово 850, активни 116
    Делчево 845, активни 91
    Пробиштип 703, активни 103
    Виница 622, активни 83
    Валандово 525, активни 89
    Крушево 435, активни 124
    Богданци 410, активни 74
    Демир Капија 360, активни 82
    Кратово 333, активни 29
    Демир Хисар 326, активни 41
    Македонски Брод 303, активни 38
    Пехчево 235, активни 35
    Македонска Каменица 211, активни 17
    Дојран 114, активни 12

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира