30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ПОСТАВИ БОМБА ВО СОБРАНИЕТО

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ПОСТАВИ БОМБА ВО СОБРАНИЕТОИмпровизираната бомба што Л.Ј. ја оставил под биро во едедн од кабинетите во Собранието на 27 април, (Фото: принтскрин од АлсатМ)

    Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка и побарало притвор од 30 дена што бил одобрен за Л.Ј., кој оставил експлозивна направа во Собранието на Република Македонија на 27 април. Во соопштение доцна синоќа, Обвинителството рече дека постапката е почната поради кривичните дела предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, кои се наведени од МВР во кривичната пријава која што ја поднело против подметнувачот на импровизираната бомба.

    Според вчерашното соопштение на МВР, Л. Ј. прво беше пуштен на слобода по разговорот во обвинителството, иако пет дена по поставувањето на експлозивната направа, соработниците за евроинтеграции Мерван Јакупи и Нијази Јахја, во чиј кабинет била поставена, можеле да бидат повредени.

    Според МВР, вечерта на 27 април околу 19:00 часот, пријавениот заедно со толпата влегол во Собранието. Некаде околу 20:40 часот, заедно со уште 20-тина лица се качил на првиот кат од зградата, по што сам влегол во канцелариите бр.116 и бр.118, кабинетите на Јакупи и Јахја. Потоа, под едно од бироата, Л. Ј. ја поставил направата и си заминал. По пет дена утрината, откако двајцата вработени пристигнале на работните места и почнале да го средуваат нередот, Јакупи ги забележал петардата и импровизираната експлозивна направа на подот и под бирото. Мислел дека е факел, па заедно со колегата Јахја предметите ги однеле и ги оставиле до кофите за смет во ходникот. Истиот ден околу 17:00 часот, еден од вработените во собраниското обезбедување ја забележал експлозивната направа и веднаш ја известил Единицата за информации и команда во СВР Скопје. Специјализираната единица дошла и ја демонтирала направата.

    Полицијата поставувачот на бомбата, која за среќа не експлодирала, за кратко време го открила на снимките од безбедносните камери и веднаш го уапсила. Но обвинителот, по извршениот разговор, го пуштил на слобода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира