317 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19, УШТЕ ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАТИ

    317 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19, УШТЕ ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАТИНа Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 87 пациенти, а во „8 Септември“ хоспитализирани се 37 пациенти. - Возило на Брза помош пред Инфективна клиника. (Фото: К. Попов)

    Денес е регистрирана највисоката дневна бројка на заболени од ковид-19, 317 од 1.990 тестирања на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

    Нови случаи на ковид-19 има во: Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1 .

    Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59), Струга(65), два пациенти од Гостивар (71 и 76).

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1, Кичево-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата има 19.413, оздравеа 15.749, починаа 772, а активни се 2.892.

    Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 7724, активни 1166

    • Куманово 1823, активни 166

    • Дебар 290, активни 35

    • Штип 1307, активни 79

    • Прилеп 742, активни 138

    • Тетово 1517, активни 168

    • Струга 693, активни 42

    • Велес 348, активни 36

    • Битола 344, активни 78

    • Охрид 443, активни 36

    • Кавадарци 256, активни 41

    • Гостивар 959, активни 68

    • Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 328, активни 185

    • Крива Паланка 130, активни 38

    • Радовиш 107, активни 35

    • Крушево 20, активни 1

    • Кочани 450, активни 183

    • Пробиштип 119, активни 17

    • Демир Хисар 62, активни 2

    • Македонски Брод 93, активни 2

    • Пехчево 46, активни 3

    • Берово 129, активни 47

    • Валандово 54, активни 39

    • Виница 126, активни 36

    • Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 26, активни 2

    • Свети Николе 380, активни 57

    • Кичево 340, активни 29

    • Ресен 167, активни 9

    • Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.990 теста се преку: ИЈЗ-501, ЦЈЗ Скопје-98, Авицена-457, Биотек-249, МАНУ -124, Жан Митрев (Филип Втори)-171, Систина со ПЦР метода -142, лабораторија Лаор –43, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-6, ГАК-18, Синлаб-118, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 66

    • Гази Баба – 126

    • Аеродром – 208

    • Карпош – 180

    • Центар – 210

    • Кисела Вода – 131

    • Ѓорче Петров – 93

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    • Бутел – 49

    • Шуто Оризари – 15

    • Студеничани – 4

    • Сарај – 14

    • Арачиново – 5

    • Илинден – 31

    • Сопиште – 3

    • Чучер Сандево – 4

    • Петровец – 8

    • Зелениково – 3

    • Странец – 10

    • Нераспределен-6

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира