32 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 336 ПОЗИТИВНИ ОД 1.181 ТЕСТ НАПРАВЕНИ ВО НЕДЕЛА

    32 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 336 ПОЗИТИВНИ ОД 1.181 ТЕСТ НАПРАВЕНИ ВО НЕДЕЛАВкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.296. - Брза помош пред Инфективна клиника. (Фото: К. Попов)

    Триесет и две лица починаа по компликации од ковид-19, а за периодот од 29 до 30 ноември, од 1.181 тестирања регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство неколку минути пред полноќ во понеделник.

    Од починатите 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82), двајца од Прилеп (70 и 55), тројца од Тетово (64, 79 и 67), двајца од Струга (67 и 74), еден пациент од Велес (51), двајца од Охрид (70 и 74), еден од Кавадарци (77), еден од Гостивар (61), двајца од Струмица (63 и 66), двајца од Радовиш (62 и 70), еден пациент од Кочани (64), еден од Делчево (78), еден од Кичево (64) и еден пациент од Неготино (55).

    Двајца пациенти се починати вон, останатите 30 се починати во болница.

    Во Скопје се регистрирани 95 нови случаи, во Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

    Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 61.878, оздравеа 38.946, починаа 1/763, а активни случаи се 21.169. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 26976, активни 9996
    • Куманово 3748, активни 952
    • Дебар 462, активни 97
    • Штип 2674, активни 528
    • Прилеп 3010, активни 1000
    • Тетово 3823, активни 942
    • Струга 1447, активни 454
    • Велес 1992, активни 693
    • Битола 2075, активни 925
    • Охрид 1597, активни 618
    • Кавадарци 1254, активни 481
    • Гостивар 2557, активни 982
    • Гевгелија 744, активни 240 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1711, активни 601
    • Крива Паланка 431, активни 123
    • Радовиш 438, активни 122
    • Крушево 130, активни 71
    • Кочани 1241, активни 262
    • Пробиштип 363, активни 90
    • Демир Хисар 200, активни 88
    • Македонски Брод 168, активни 46
    • Пехчево 100, активни 22
    • Берово 364, активни 88
    • Валандово 218, активни 70
    • Виница 376, активни 160
    • Делчево 456, активни 196 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 153, активни 52
    • Свети Николе 842, активни 234
    • Кичево 1277, активни 530
    • Ресен 461, активни 193
    • Неготино 590, активни 313 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.181 теста се преку: ИЈЗ-605, ЦЈЗ Скопје-20, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори)-140, Систина со ПЦР метода -232, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-4, ГАК-22, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -35, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 332. 286 тестирања на ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 625
    • Гази Баба – 1502
    • Аеродром -1436
    • Карпош – 1169
    • Центар – 1089
    • Кисела Вода – 1237
    • Ѓорче Петров – 867
    • Бутел – 585
    • Шуто Оризари – 195
    • Студеничани – 53
    • Сарај – 169
    • Арачиново -31
    • Илинден – 265
    • Сопиште – 57
    • Чучер Сандево – 100
    • Петровец –138
    • Зелениково -84
    • Странец – 219
    • Нераспределен- 175

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира