364 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА, 184 ВО СКОПЈЕ

    364 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА, 184 ВО СКОПЈЕФилипче кажа дека на Инфективна клиника во моментов се хоспитализирани 86 лица, а во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ 44, од кои 4 се на респиратор. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа регистрирани се 364 нови позитивни на ковид-19 од 2.140 тестови, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата. Во болнички услови починати се 3 лица, од Охрид (73), Гостивар (62) и Радовиш (72).

    Нови случаи на ковид-19 се во: Скопје-184, Куманово-13, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-19, Струга-6, Велес-4, Битола-10, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-4, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Кочани-17,  Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-11, Кичево-3, Неготино-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Најголемо зголемување на бројот на новозаболени од ковид-19 за периодот од 28 септември до 4 октомври се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60% односно 46,1%, кажа Филипче.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-12, Дебар-2, Штип-3, Прилеп-16, Тетово-6, Струга-3, Велес-4, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.777, бројката на оздравени пациенти е 15.855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.147. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 7908, активни 1315
    • Куманово 1836, активни 167
    • Дебар 291, активни 34
    • Штип 1319, активни 88
    • Прилеп 754, активни 134
    • Тетово 1536, активни 181
    • Струга 700, активни 46
    • Велес 352, активни 36
    • Битола 354, активни 84
    • Охрид 447, активни 35
    • Кавадарци 260, активни 44
    • Гостивар 963, активни 70
    • Гевгелија 160, активни 61 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 23 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 350, активни 203
    • Крива Паланка 135, активни 40
    • Радовиш 118, активни 45
    • Крушево 20, активни 1
    • Кочани 466, активни 199
    • Пробиштип 121, активни 18
    • Демир Хисар 62, активни 2
    • Македонски Брод 94, активни 1
    • Пехчево 46, активни 3
    • Берово 132, активни 50
    • Валандово 57, активни 42
    • Виница 128, активни 38
    • Делчево 179, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 26, активни 2
    • Свети Николе 391, активни 66
    • Кичево 343, активни 31
    • Ресен 167, активни 8
    • Неготино 62, активни 14 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.140 теста се преку: ИЈЗ-533, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-375,  Биотек-212, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори)-400, Систина со PCR метода -184, лабораторија Лаор –48, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-23, ГАК-8, Синлаб-35, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 201512 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 72
    • Гази Баба – 140
    • Аеродром – 240
    • Карпош – 214
    • Центар – 241
    • Кисела Вода – 138
    • Ѓорче Петров – 104
    • Бутел – 49
    • Шуто Оризари – 17
    • Студеничани – 4
    • Сарај – 15
    • Арачиново – 4
    • Илинден – 31
    • Сопиште – 3
    • Чучер Сандево – 4
    • Петровец – 8
    • Зелениково – 4
    • Странец – 10
    • Нераспределен-17

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира